РУСИТЕ НЕМААТ НИШТО ПРОТИВ ПУТИН ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ ДО 2036 Г.

Мнозинството граѓани на Русија ги изгласаа уставните измени, кои ќе му овозможат на шефот на државата Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.

Централната изборна комисија соопшти денеска дека при обработени 99,99 отсто од гласовите, уставните реформи биле поддржани од 77,92 отсто Руси, а против се изјасниле 21,72 проценти.

Излезеноста на референдумот изнесува 65% според информации на ЦИК.