КОНЦЕРТ НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ ВО „СВЕТА СОФИЈА“ ВО ОХРИД

/

По повод големиот празник, а во чест на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, утре, четврток, 24 мај, во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид со почеток во 19,30 часот ќе се одржи традиционалниот концерт на растечката генерација македонски пијанисти …

Под раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски, ќе настапат наградувани ученици на државните и меѓународни натпревари, кои се на почеток од своите професионални кариери.

По повод празникот, воведна реч ќе има проф. д-р Димитар Пандев, а ќе настапи и младиот актер Симон Јаковлев.

Претходно ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот парк во Охрид.



Влезот за концертот е слободен.

Извор: Министерство за култура.



Претходна статија

„ МАЛИТЕ “ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Следна статија

СДСМ: ЧЕСТИТКА НА КИРАЦОВСКИ ДО ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА: ЗАЕДНО, СЛОБОДНО, СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ И РАЗБИРАЊЕ ЧЕКОРИМЕ КОН ПОДОБРА ИДНИНА

Најново од Истакнато

Невладини организации на македонски Бугари од РС Македонија со осуда за срамниот говор на омраза кон Бугарите и Бугарија на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија во Скопје

Претставници на 10 граѓански здруженија на граѓани на РС Македонија, со бугарска национална самосвест, испратија писмо