| |

МНР на Бугарија: Мицкоски е закана за евроинтеграцијата на РС Македонија, нема нови услови од бугарска страна

„Не е јасно како ќе се спроведува македонскиот закон објавен на 8 ноември. Сепак, оваа имплементација е ранлива на тужби во секое време. Конечно, имаме причина да му се заблагодариме на Христијан Мицкоски, бидејќи ако внимателно ги прочитаме неговите изјави, ќе видиме дека не е важно како се викаат овие бугарски клубови во РСМ, поентата е дека се бугарски. Овие закани засега се барем од опозицијата, но сигурно ќе ја забават евроинтеграцијата на РСМ“, изјави во одговор на прашање поставено од БГНЕС, главниот експерт во МНР Желјазко Радуков.

Внимателно ги следиме заканите од лидерот на опозицијата во РСМ, Христијан Мицкоски, кој тврди дека бугарските клубови таму ќе бидат затворени. На 25 ноември има состанок на историската комисија, кој овојпат ќе се одржи во Скопје, изјави заменик министерот за надворешни работи Костадин Коџабашев.

Радуков нагласи дека е многу важно властите на РСМ да не западнат во ваков тип на реторика на постојано ескалирање на тензиите меѓу двете земји.

„Забележете дека слични типови на изјави како онаа на Мицкоски и на остатокот од опозицијата во Република Македонија се случуваат токму кога нешто позитивно се случува во развојот на билатералните односи, кога МНР се обидува да направи нешто ново и нешто поинаку“, изјави Радуков.

„Една од невистините што постојано се шират во интернет просторот на РСМ е дека ова што се случува ќе наметне некои нови услови на РСМ, но Бугарија нема да има нови услови. Целиот процес е адресиран и договорен во механизам што и ние и PCM и ЕУ го усвоивме летово. Нема да има промена во овој механизам, дури и Бугарија ќе биде неговиот најголем бранител. За жал, во РСМ има фактори кои не ја сакаат европската иднина на регионот и провоцираат со вакви смешни изјави“, прецизираше понатаму Желјазко Радуков.

Коџабашев потсети дека на 8 ноември годинава во Државниот весник на РСМ беа објавени измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политичките партии, со што тие стапија на сила.

„Бугарија веќе излезе со став дека постои сериозна загриженост дека со законските измени и како резултат на едностраното толкување на историските факти и ликови може да се ограничи правото на здружување. Се воведува нова институција – Комисијата за имиња на поединци, чие мислење ќе биде одлучувачко, но се поставуваат прашања, кој ќе го оствари мислењето на оваа комисија, дали е обезбедено правото на жалба за нејзините одлуки и кои се критериумите по кои комисијата ќе работи. Измените на толку важен закон не поминаа на јавна расправа, а сега треба да видиме дали владата во Скопје ќе го испрати овој закон на мислење на Венецијанската комисија“, изјави Коџабашев.

Бугарија продолжува со напорите, вклучително и преку чести состаноци на високо ниво, за спроведување на агендата за подобрување на односите меѓу двете земји.

„На 17 ноември, тимови од двете министерства за надворешни работи разговараа преку видео-конференциска врска за враќање на позитивната динамика на состаноците на секторските работни групи создадени на почетокот на годината“, објасни Коџабашев.

Слични Објави