ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД КОНТРОЛИРАНИТЕ ФИРМИ НЕ ДАЛЕ ПЛАТА ИЛИ МИНИМАЛЕЦ

Од 74 инспекциски надзори во декември и во јануари, дури 41 фирма на своите вработени не им исплатиле плата во законскиот рок, или не им дале ни минималец. Ова е одговорот од Трудовиот инспекторат на прашањето на „Слободен печат“ до каде се постапките во врска со скандалозниот податок што пред еден месец го објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, дека има фирми што на работниците им исплатиле плата од нецели 2 денари, или од 5 денари.

loading...

– Државниот инспекторат за труд во текот на декември 2020 година и јануари 2021 година во координација со Управата за јавни приходи спроведе координативни надзори кај правни субјекти кои се регистрирани како корисници на државна финансиска помош за месеците април, мај, јуни, октомври и ноември 2020 година. Покрај овие правни субјекти, кородирани инспекциски надзори беа спроведени и во 10 текстилни фабрики.
Имено, инспекторите за труд извршија вкупно 74 инспекциски надзори. При инспекциските надзори се констатирани неправилности кај 41 работодавач, за што се донесени исто толку решенија со опомена за отстранување на утврдените неправилности што се однесуваат за неисплатена плата и придонеси од плата во рок утврден според Законот за работните односи (најдоцна 15 дена по завршување на претходниот месецот), неисплатена минимална плата која е во висина од 14.943 денари – велат од Трудовиот инспекторат.


loading...

Целиот напис прочитајте го овде.