ДЕНЕСКА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ЌЕ БИДЕ ПОДИГНАТО РЕДУМ ДО ЗНАМИЊАТА НА ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА НАТО
Церемонија на подигнување на знамето на Македонија ќе се одржи попладнево во седиштето на НАТО во Брисел, со што ќе се означи пристапувањето на нашата земја во Северноатлантскиот пакт.
Церемонијата на подигнување на знамето ќе се одржи симултано во исто време во седиштето на Здружената команда за операции (Shape – Mons) и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија.
Свеченото подигнување на знамето предвидено е да се одржи во 15 часот, на кое е предвидено кусо обраќање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претставник на Делегацијата на Македонија во НАТО.
Настанот во седиштето на НАТО ќе биде емитуван во живо на веб страницата на НАТО.
