|

(Видео)Пречек на македонските војници кои спасуваа жртви од урнатините во Турција

Министерството за одбрана организираше пречек на припадниците од специјалните сили на Армијата кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција во Турција. Тие престојуваа 13 дена и помагаа во спасувачките акции каде се извлекуваа жители од под урнатините.

На настанот на припадниците на Армијата ќе им се заблагодарат и ќе ги поздрават претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија, г. Хасан Мехмет Секизќок, и одбранбеното аташе на Турција во Република Северна Македонија.

Армиски тим за заштита и спасување од Баталјонот за специјални сили, водачи и кучиња обучени за трагање учествуваа во спасувачката акција.



Слични Објави