| |

Радев по средбата со Ѓукановиќ: Земјите од Западен Балкан мора да ги гарантираат човековите права

„За мене е големо задоволство да го пречекам нашиот пријател Мило Ѓукановиќ во Бугарија. Верувам дека со Црна Гора, со која сме поврзани со заеднички вредности, имаме можност да работиме заедно за мир и просперитет на нашиот регион“.

Ова го изјави претседателот Румен Радев по средбата со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, коj се наоѓа во посета на Софија, јавува БГНЕС.

„Со Ѓукановиќ разговаравме за важни приоритети за двете земји. Бугарија отсекогаш била поддржувач на нејзиниот европски пат – сигурни сме дека ќе го реализира. Имаме добар дијалог, подготвени сме во иднина да го споделиме нашето искуство и да дадеме поддршка во различни области поддржувајќи го патот на интеграцијата“, изјави Радев, по што додаде дека секоја земја од Западен Балкан мора да работи на почитување на човековите права.

„Со претседателот Ѓукановиќ го делиме мислењето дека е време нашето пријателство да се претвори во соработка во економијата, туризмот, енергетиката, транспортот и другите значајни сектори“, нагласи Радев.



Слични Објави