ЗАЕВ: БАРАЊЕТО НА ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО Е НЕДОЗВОЛИВО

Не можеме да дозволиме заради Заев или Мицкоски да ја смениме обвинителката Русковска, затоа што таа ги води едни од најтешките случаи. Во ред е барањето на опозицијата тие да предлагаат обвинител за висока корупција, изјави на денешната прес конференција премиерот Зоран Заев.

Заев изјави дека инсистира сите предмети на обвинителството за висока корупција да бидат процесирани. Според него барањето на опозицијата предметите на СЈО до 30.06. да бидат затворени е недозволено.