| |

Бугарски војници успешно го поминаа едно од најтешките воени патролни испитувања во НАТО

Првиот бугарски тим од Копнените сили успешно помина едно од најтешките воени патролни испитувања во НАТО, јавува бугарското Министерство за одбрана. Осуммина бугарски војници го поминаа суровиот терен на Велс, Велика Британија. Во текот на 11 дена (2-13 октомври), под раководство на 160-тата велшка бригада, тие поминаа маршрута долга речиси 70 километри со огромна висинска разлика.

Бугарските војници издржале: Постојан товар од над 40 кг на грбот. Долготраен силен дожд од спротивен правец. Силни налети на ветер. Ниски температури и непрогледна магла. Целосна проверка на физичката издржливост, тактичкото знаење и железната психичка издржливост.

Слични Објави