„Една кауза, заедно за неа“: Добротворен маратон за поддршка на жените со рак на дојка
Добротворна трка и базар за поддршка на жените со рак на дојка се организираат денеска во паркот „Бачиново“ во Благоевград. Пријавени се 100 учесници, што според организаторката Дарина Метанова е рекорден број за иницијативата, јавува БНТ.
Сите собрани средства ќе бидат донирани на фондација што работи во оваа област. Настанот, поддржан и од студенти, се одржува во октомври, месецот посветен на подигнување на свеста и борбата против ракот на дојка.
„Сто проценти од средствата собрани денеска ќе бидат наменети за фондација што се занимава со оваа тема“, изјави Метанова.
Иницијативата се организира осма година, а вторпат по ред се одржува во паркот „Бачиново“.
„Втора година по ред сме тука, во паркот ‘Бачиново’, за да допреме до повеќе луѓе од Благоевград“, рече Метанова.
Трасата е долга два километра, започнува во близина на стариот аквапарк и завршува во паркот.
