Менча Карничева- македонската Шарлота Корде
Пишува: Христо Михајлов
100 години од убиството на предавникот Тодор Паница (1925-2025)
Нејзиното вистинското влашко име е Мелпомена. Според древногрчката митологија таа е божица на трагедијата и покровителка на театарската уметност. Каков абсурд или какво неверојатно совпаѓање-Менча, Мелпомена го авторизира, заштитува своето име кога на 8 мај во 1925 година во виенскиот Бургтеатар за време на Ибзеновиот спектакл “Пер Гинт” го застрелува Тодор Паница. Тоа е крајот на еден живот, преминат кон предавништвото, крајот на една идна закана за дејноста на ВМРО. Паница е директниот убиец на забележителните бугарски револуционери Борис Сарафов и Иван Гарванов, а против него, верниот сојузник на србо- грчката пропаганда, се исправа една слаба и нежна жена со силен карактер, смелост и пред сѐ свест и волја за правилна проценка на штетите против бугарските национални интереси. По извршеното убиство, Менча сама се предава на австриската полиција. На тој начин бара возможност јавно да ја изрази својата приврзаност кон маките и стадањата на бугарскиот народ во Македонија, останат далеку од вниманието на европскиот свет и да го предизвика тој свет, да ги насочи погледите кон македонското прашање. Судскиот процес започнува на 30 септември 1925 година, и завршува при исклучителна гласност и журналистички интерес, со издадената осумгодишна пресуда за веќе болната Менча. Но, таа наскоро ослободена од затворот, за да не умре таму, тешко болна од туберкулоза. Потоа долго и тешко патува низ Будимпешта, Букурешт и Ѓурѓево, за Софија. Неочекувано и за самата неа, нејзиниот пат е вистински триумф.
Менча Карничева е родена во Крушево на 16 март 1900 година. Нејзиниот татко е трговец срмаџија, којшто покасно го преместува своето семејство во Цариброд, каде се зафќа со занатот на сараф. На 18 годишна возраст заминува за Германија, учи трговија и една година потоа се враќа во Софија. Вo тоа бурно време, бугарскиот политички живот е силно напрегнат поради спротиставуањата меѓу ВМРО и БЗНС по однос на прашањата на националната политика. Нејзините лични симпатии се кон револуционерната организација ВМРО. Сo Иван Михајлов таа се запознава во 1923 година. Веќе на 15 март 1925 година, полага заклетва како член на ВМРО, а во својата душа си дава пат на љубовниот порив кон неговиот водач. Но само две години покасно во еден декемвриски ден, Менча станува и пред Бога верната сопатничка во трнливиот живот на Иван Михајлов. Се до последните свои дни таа е негов верен другар, сопруга и потпора. Не без гордост вели дека повеке од четврт столетие го следи како сенка, рамо до рамо, во добро и зло, при незгоди и премежја…така ќе биде се додека рекол Господ.
Мелпомена (Менча Карничева) е најпозната како бугарската Жана д’ Арк или Шарлота Корде. Нејзиното име се разлеа низ цела Европа, а нејзиниот подвиг го изваде од рамнотежа самодоволното спокојство на победниците од Првата светска војна. Убиството на Тодор Паница во виенскиот Бургтеатар, извршено од таа продуховена жена, го изваде на јаве пред светската совест подзаборавениот садизам на т.н. Миротворци од Версај во 1919 година.
Мотивите за убиството на Паница се посочени од неа за време на распитот и цитирани од нејзиниот адвокат г-дин Рихард Пресбургер “Во зимата 1923 година , Паница дојде еднаш во куќата на моите родители и устно ме помоли, ако отидам случајно во Софија, да се јавам на неговото семејство што живееше таму, да се подготви за заминување во Виена. Му ја исполнив желбата, но откако му кажав, дека неговото семејство би сакало да живее заедно со него. Паница ми возврати, дека тоа е невозможно, затоа што прифатил задолжување пред началникот на српското одделение за безбедност, за подоброто организирање на постоечките веќе српски чети, оние кои што во српската Македонија требаше да ја смачкаат Македонската револуционерна организација… Мошне силно прозвучуваат и зборовите на нејезиниот заштитник, адвокатот Пресбургер: “Не само јас, ами и други ја споредија Менча Карничева со Орлеанската Дева. Таа не можеше да влезе во откриена борба…таа можеше да го направи само тоа, за кое што, како што таа си мислеше, провидението случајот и судбината и ја дала таа возможност… ” И за сите оние поколенија во еднокрвните Македонија и Бугарија, што не ја познаваат сета подлост на српската политика во Македонија, внимателното изучување на животот и делото на Менча Карничева е само една школа како всушност би требало да се заштитува достојно родот, татковината и револционерната чест. Зашто тој и таков Тодор Николов Паница и целата шајка од лажни македонски револуционери сесрдно се поставија во потполна услуга на московската Коминтерна и алчната Србија, не заради таму некакви си идеали, ами зашто беа пребогато платени. Беа преобратени во платени убијци на вистинските синови на Македонија. Менча Карничева го запиша своето светло име во бугарската и световната историја со ладнокрвното убијство на најголемиот злосторник во македонското ослободително движење наречен Тодор Паница.
Знаменитата дата е 8 мај 1925 година, а дејството се развива во виенскиот Бургтеатар, кога на сцената се играше драмата Пер Гинт на Хенрих Ибзен. Но под куполата на тетарот напоредно се одигруваат две драматични сижеа, тој на повратникот во својата татковина Пер Гинт и она, напишано токму од Менча Карничева. Во кулминацијата на петото дејствие, кога требаше да потоне бродот на Пер Гинт преполнетата сала беше огласена од револверски истрел. Смртоносниот куршум го пронижува убиецот на Иван Гарванов и Борис Сарафов, Тодор Паница, активниот соработник на грчките и српските антибугарски чети и на Коминтерната. Потоа Менча самостојно се предава на австриските полициски власти.
Хронолошки гледано, таа во Германија се запознава со балдазата на Тодор Паница, познатата Магдалена Измирлиева. Точно преку неа покасно научува и многу пикантни подробности од предавничкиот живоот на Паница и нискостите на родениот предавник. Менча се запознава со нејзиниот подоцнежен сопруг Иван Михајлов кон крајот на м.јуни 1923 година, а на 6 март 1925 година тие за прв пат директно разговараат за не-делото на Паница. Веќе на 15 март 1925 година, таа полага заклетва како член на ВМРО, при што после уште неколку средби со Ванчо таа решава дека неизвеставно треба да се ликвидира Паница. Снабдена со револвер, во м. Јануари 1925 година заминува за Виена. Таму успева да живее во близина со семејството на својата идна зацртана жртва и станува директен свидетел на огромните суми валкани пари, што биле добивани от Коминтерната, како и од Белград и Атина. Во своите спомени Менча Карничева ни избројува имиња и такви суми, баснословни пари, за тогаш па дури и за денешно време, со коишто руските болшевици, србите и грците ги потпомагале непријателите на ВМРО, непријателите на Даме, Гоце, Тодор и Ванчо.. Шокирана е од зборовите на Магдалена Измирлиева, балдазата на Тодор Паница “Знаеш ли зашто Димитар Влахов се отдели от Тодор Александров?” запрашала еднаш Магдалена и побрзала да одговори и објасни: ” Затоа што болшевиките Белград и Атина имаат повеќе пари от Македонската организација за пљачка”. Тоа беше неморалот на оние , кои што само малку покасно го убија Тодор Александров, а подоцна станаа некакви си таму творци на македонската нација и на македонскиот јазик. Во централниот државен архив во личниот фонд на известниот Иван Харизанов, инаку прв братучед на Јане Сандански, се чува еден исклучително красноречив и речиси непознат документ од Тодор Паница. Тој е сврзан со еден од најтежките периоди во развојот на македонското движење веднаш после војните. Тоа е писмо- изложение од Тодор Паница, во тоа време бегалец во Виена, до прочуениот Васил Коларов, генерален секретар на Коминтерната во Москва, за позициите на т.н. Федералисти во легалното и револуционерно македонско движење, за задачите на Задграничното претставништво на движењето во Виена и за потребите од содејството на Советската Русија за реализација на замислената Балканска федеративна република. Изложувањето било пишувано без согласност и знаење на легалните раководители на тогашната ВМРО, Тодор Александров, бугарскиот генерал од Охрид Александар Протогеров и неговиот сограѓанин стариот бугарски војвода Петар Чаулев, за времето кога започнуваат преговорите за евентуалното потпишување на злокобниот Виенски мајски манифест од 1924 година. Токму од него јасно се согледуваат буквално сите махинации на Тодор Паница, најверниот соборец на познатиот отпадник Јане Сандански, оној кој донесол толку многу штети на македонското ослободително движење. Баш тука јасно се гледаат неговите стремежи, не само лично да се дискредитираат раководителите на ВМРО; да ги разцепи и спротистави, а исто така и да биде, по можност, преземено и използувано движењето за сосема туѓи на Организацијата магливи цели. Општопознато е какви сѐ се последиците од тие пеколни планови на самиот Тодор Паница. И точно од тој документ денешните македонски читатели би можеле да ја откријат вистинската причина за постапката на Менча Карничева во виенскиот Бургтеатар. Реалните размери на веќе стореното во Виена е некако најточно формулирано во в. Македонска Трибуна на 29 април 1965 година, “Куршумот на Менча Карничева погоди истовремено неколку централи, што беа заколнати да ја избришат национално и историски Македонија – србската, грчката и блошевичката централа. За жал, треба да одбележиме дека ним им помагале и бугари по род. Тодор Паница, кого Менча Карничева го уби, беше најтипичниот егземплар меѓу тие бугари, служејки им верно на веќе кажаните погоре три туѓи антибугарски централи. За самата Менча Карничева, Тодор Паница се пројавувал главно како турско, грчко, србско и болшевичко орудие. Таа одвај во Виена разбрала колку многу тој се продал на руските болшевици…. “. Денешните млади поколенија и во Р.Бугарија и во Р.С.Македонија треба да ја дознаат целата вистина за тие настани. Инаку, истите тие и понатаму ќе продолжат да бидат подчинети на убиствената наркоза на Србо- античко-македонистичкото невидено лицемерие, отровна лага и национално одродување!
Бог рекол дека заедничкиот живот и дело на Менча Карничева и Ванчо Михајлов да завршат на 12 септември 1964 година, со нејзината смрт. Михајлов умира на 5 септември 1990 година. Сега двјацата се погребани еден до друг далеку од Бугарија и Македонија, во Рим, Италија. Нивното дело за Македонија и македонските бугари останува вечно…
