Петков: Следната недела ќе се разговара за составот на новата влада на Бугарија

/

Следната недела ќе се разговара за составот на идниот кабинет што ќе го предложи „Продолжуваме со промените“, изјави премиерот во оставка и копретседател на владејачката партија „Продолжуваме со промените“ Кирил Петков пред новинарите при увидот во интерконекторот Грција – Бугарија во областа Стара Загора.

Според Петков, за ова прашање ќе се разговара со коалициските партнери следната недела. Тој беше категоричен дека нема функција или позиција што е поважна од спасувањето на Бугарија од кризата.



Претходна статија

Чешкиот амбасадор во Бугарија: Францускиот предлог е единствената шанса РС Македонија да ги започне преговорите со ЕУ

Следна статија

Османи: МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија

Најново од Вести