Османи: МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија

/

Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија за продолжување на нашите европски интеграции, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

Бројните денешни консултации, според министерот, минуваат во позитивна атмосфера, во кој, како што посочува, Францускиот предлог детално се анализира.

– Различните групи и поединци се фокусираат на суштински прашања кои се важни за граѓаните и за идниот процес на преговори: македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка или објаснување наведени во преговарачката рамка; протоколот, како и делот кој упатува на историските прашања, остануваат во сферата на билатералните односи и не се дел од Преговарачката рамка; oдобрувањето на овој предлог ќе значи одржување на првата Меѓувладина конференција, започнување на процесот на скрининг – суштинско отворање на преговорите во полн капацитет – и тоа веднаш!, пишува Османи на неговиот фејсбук-профил.



Процесот на консултации, додава, продолжува меѓу Владата и другите институции, заинтересирани групи и целокупната јавност, по што Владата ќе ја донесе конечната одлука. 

Претходна статија

Петков: Следната недела ќе се разговара за составот на новата влада на Бугарија

Следна статија

Започна „XIV детски олимписки одмор – Босилеград 2022“

Најново од Вести