Започна „XIV детски олимписки одмор – Босилеград 2022“

//

Започна „XIV детски олимписки одмор – Босилеград 2022“. Денеска во 09:00 часот во Босилеград, во месноста „Добри Дол“ започна имплементацијата на проектот „XIV детски олимписки одмор – Босилеград 2022“. Настан кој секогаш се чека со голем интерес и во кој најмногу уживаат децата од Босилеград. Ова преку објава на социjaлната мрежа Facebook го соопшти првиот човек на КИЦ Босилеград Иван Николов.

Денеска беше поделена опремата на првата смена од 50 деца и им беше претставена програмата според која децата ќе играат на Олимпијадата и ќе стекнат нови корисни знаења.
Проектот е развиен од спортски специјалисти на Националната спортска академија во Бугарија и е финансиран во рамките на програмата „Бугарска помош за развој“ на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.

Извршители на проектот се спортскиот центар „Босилеград“ и Олимпискиот клуб Босилеград.
Во јули и август, специјалисти по физичко образование и спорт и матуранти на Националната спортска академија „Васил Левски“, ќе обучуваат околу 100 деца од Босилеград и други места во Западните покраини на морални доблести, дух на толеранција, почитувањето на културните традиции и солидарноста преку педагошки воннаставни активности во спортот, уметноста, екологијата, применетите занаети, давањето прва помош и зачувувањето на обичаите и традициите.

Олимпијадата ќе вклучува на комбинација на тренинзи во тимски спортови (кошарка, одбојка, фудбал, хокеј на трева), атлетика, гимнастика, ориентација, туризам и др.



Предвидени исто така се обуки за пружање прва помош, уметнички активности – сликарство, фотографирање и снимање на видеа, работа со глина, обработка на дрво, театар; применети вештини и активности – проучување на природата (дрвја и животни од локално значење), запознавање со етнографијата и руралниот труд преку екскурзии и работа, евидентирање обичаи, проучување луѓе и сл., како и јавни настапи – организирање изложби, организирање прослави, натпревари и поворка во градот.

Децата ќе се учат и едуцираат да препознаваат и да се заштитат од опасните појави во современото општество – насилството, зависноста од дрога, асоцијалното однесување и криминалните појави

По десет дена тренинзи и едукација низ игра и спорт, на 11 јули организаторите ќе приредат мала прослава на која ќе ги поканат претставниците на спонзорот и родителите на детска олимписка прослава на која ќе ги покажат своите вештини, јавуваат од КИЦ „Босилеград“.

Претходна статија

Османи: МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија

Следна статија

Ковачевски на средба со дипломатскиот кор: Европскиот предлог е солидна основа за градење државнички став

Најново од Вести