| |

„ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ СО МЕСЕЦИ НЕ ВИДЕ ДЕКА СЕ УКРАДЕНИ РЕФЛЕКТОРИТЕ НА ФОНТАНИТЕ?

Надлежните почнаа да ги чистат фонтаните со цел да ги пуштат повторно да течат. И тоа требаше да се случи заклучно со вчера, оти така најави директорот на ЈП „Водовод и канализација“. Но претпријатието, по долги месеци оставени во суша и полни со ѓубре, дури викендот што измина, откри дека рефлекторите им биле украдени. И не само на фонтаните туку и од спомениците.
Штетата е проценета, ни повеќе ни помалку, 60 илјади евра. Ама за „Водовод и канализација“ изгледа не е голема сума, оти ветија дека ќе се набавеле нови рефлектори.
До ова немаше да дојде ако навреме почнеа да се оддржуваат, а беше најдена и фирма која за 6 милиони денари со ДДВ требаше да ги чисти, почнувајќи од октомври лани.  (Прочитајте повеќе во Скопско ехо)



Слични Објави