АЛЕКСИС ЦИПРАС ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

„Предвремени избори веднаш по вториот круг од локалните избори“, објави Алексис Ципрас во неговата прва изјава по објавувањето на резултатите од изборите за Европскиот парламент, во која СИРИЗА претрпи катастpофален поpаз.

Ципрас даде отказ по убедливиот пораз, а според досега преброените гласови, Нова демократија има 32,08 проценти, СИРИЗА 24 проценти, Движење на промена 7,8 проценти, Комунистичка партија на Грција 5,5 проценти, Златна зора 4,9 проценти, Грчко решение (Велопулос) 4,01 процент, Мера25 (Варуфакис) 2,9 проценти, додека останати партии освоиле 17,86 проценти.

„Четири години се бориме за земјата достоинствено, чесно и со поддршка на нашиот народ, за никој да не може да ги оспори резултатите што ги постигнавме“, рече тој.

„Нашата посветеност не е избор, туку морална обврска која не можеме да ја преkpшиме, бидејќи е дел од нас и нашата душа.“

„Резултатите од изборите и даваат за право на опозицијата да ги оcпори нашите резултати, но за тоа на крај ќе одлучат луѓето.“

„Затоа веднаш по вториот круг ќе побарам итно распишување на предвремени избори“, заврши Ципрас.