| |

Јотова: Бугарија има голем потенцијал во ИТ-секторот и вештачката интелигенција

Бугарија има голем потенцијал во областа на информатичките технологии и вештачката интелигенција, а бизнис-секторот ги препознава овие перспективи, изјавила бугарската претседателка Илијана Јотова, пренесува БНР.

Таа ова го истакнала на средба со тимот на водечка ИТ-компанија, која развива и обезбедува информатичко-технолошки решенија за неколку оддели на германската групација „Шварц“.

Јотова нагласила дека развојот на технолошките капацитети во Бугарија ќе придонесе и за постигнување на потребниот дигитален суверенитет на Европа.

Претседателката потсетила дека Европската комисија ја избрала Бугарија како една од шесте европски земји во кои треба да биде изградена гигафабрика за вештачка интелигенција.

Таа го оценила Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии – INSAIT како научен центар од светски ранг.

Слични Објави