| |

АНГЕЛ ЏАМБАСКИ ГИ ПОВИКА СВОИТЕ КОЛЕГИ ВО ЕП ДА РАБОТАТ ЗА БУГАРСКИТЕ ИНТЕРЕСИ

Водачот на листата на ВМРО на изборите за Европски парламент во Бугарија, Ангел Џамбаски ги повика сите идни бугарски европратеници да се сретнат веднаш по објавувањето на конечните резултати од европските избори и да си ги распределат задачите. Според Џамбаски, кој сигурно влегува во идниот состав на ЕП, на прво место за сите негови колеги од бугарските партии треба да бидат: лебот, доходите и безбедноста на Бугарите.

„Ние треба да ги диктираме важните теми во секојдневието, а тие се многу. Ги поканувам сите бугарски претставници да направиме еден вистински бугарски разговор. Не треба да дозволиме, луѓе да не знаат зашто се испратени во Брисел, да продаваат клишеа и да патуваат до Брисел како туристи, кои го испуштаат авионот, кога се одвива најважното гласање“, коментира Џамбаски.

Денеска организациониот секретар на ВМРО, Јулиан Ангелов објави дека неговата партија очекува уште едно пратеничко место во новиот состав на ЕП.

ВМРО на овие избори настапи самостојно и освои над 8 % од гласовите на избирачите, другите две партии од коалицијата „Обединети патриоти“- АТАКА и НФСБ ја добија поддршката на малку повеќе од 2 %, со што станува јасно дека во Бугарија партијата ВМРО е основниот претставник на патриотски настроените граѓани.



Слични Објави