| | |

(Фото) Ви го претставуваме бугарското неделно училиште „Родољубие“ во Синсинати, САД

Бугарското неделно училиште ,,Родољубие” во својата современа варијанта постои повеќе од една деценија, формирано е од група родољубиви Бугари на чело со Диди Партриџ како саботно неделното училиште, во кое што се предава на бугарски јазик. Ова за порталот Трибуна го изјави професорот од Универзитетот во Синсинати, Иван Динев Иванов, кој заедно со директорката на училиштето ,,Родољубие” Надја Танова ја претставија оваа образовна институција специјално за нашите читатели.

,,Предноста на нашето училиште во Синсинати е тоа што истото ја услужува нашата заедница во југозападниот дел на државата Охајо и ги подготвува учениците како за нивниот понатамошен професионален развој така и ги зачувува бугарските традиции и култура”, вели професорот Иванов, додавајќи дека ова бугарско училиште е многу добро етаблирано во општата слика за зачувувањето на бугарската култура и традиции.

Проф. д-р Иван Динев Иванов

,,Учениците учествуваат во одбележувањето на традиционалните бугарски празници како Баба Марта, Велигден, 24 Мај, Божиќ. Учениците учествуваат активно со рецитирање песни, стихови, организираат претстави, за да ги продолжат традициите оставени од нивните родители и предци кои дошле во САД”, вели професорот Иванов.

Училиштето ,,Родољубие ” е продолжител на традициите на македоно-бугарското училиште што било создадено во 30-тите години на минатиот век и било активно до 50-тите. Тоа училиште е создадено и се грижело за најстарата генерација која доаѓа во реонот на Синсинати Охајо после крајот на првата светска војна.

,,По Првата светска војна големи територии на остануваат надвор од татковината посебно во Грција во Кралството СХС и многу од луѓето таму во очај тргнуваат да бараат нов живот во САД. Една мала група од нив се населуваат во Синсинати. Нејзини претставници се браќата Кираџиеви кои ја започнуваат традицијата на чили сосот во Синсинати, тие потекнуваат од едно село Крупишта на југ од Костур. Тие создаваат бугарска општина, биле 4 браќа од кој едниот од нив бил секретар на општината а тројца учествувале во Првата светска војна како војници во бугарската армија. Тројца од браќата остануваат во САД а едниот се враќа назад во Грција.

Во македоно-бугарската црква ,,Св. Дух” изградена од истите луѓе се наоѓало и самото неделно училиште. Според документите во истото училиште учеле и родителите и чичковците на браќата членови на МПО Грег и Дејвид Чачов. За тоа сведочи една стара фотографија од 24-ти мај 1935 година во која се вели дека браќата Кирил и Методиј потекнуваат од географската област Македонија. Во тој период МПО се бори за правата на населението што останало во границите на Грција и Кралска Југославија. Нивната борба во САД и низ светот е во духот на меѓу воениот период и идеите на Вудроу Вилсон кој ги промовира идеите за заштита на правата и слободата на малцинствата.

Македоно-бугарското народно училиште МПО „Бистрица“ 25 мај 1935 г.

,,Огранокот на организацијата МПО што го создава тоа училиште се нарекува ,,Бистрица ” а луѓето што го сочинувале биле од географската област Македонија. тоа е првата најдобро организирана група на Бугари била од таа област. Имале црква и неделно училиште кое го нарекле македоно-бугарско. Тие повлекувале дека тоа училиште е бугарско, предавало на бугарски јазик и по бугарски правила и покрај тоа што и тие самите никогаш не живееле на територијата на Бугарија”, вели професорот Иванов, додавајќи дека тоа е дел од културно историското наследство на македонските Бугари.

,,Ако луѓето во денешна РС Македонија сакаат да го споделат тоа културно – историско наследство мислам дека никој од бугарската заедница не би имала нешто против тоа, напротив , би биле среќни”, вели Иванов.

Современото училиште ,,Родољубие” е создадено во 2010 година од родители кои имале деца на од прилика иста 6-7 годишна возраст. Тие го направиле тоа токму со таа цел да ги зачуваат јазикот и бугарската култура кај нивните деца. Ова за порталот Трибуна го изјави Надја Танова, директорка на саботно-неделното училиште ,,Родољубие” во Синсинати.

Надја Танова, директорка на Бугарското неделно училиште „Родољубие“ во Синсинати

,,По создавањето на Асоцијацијата на Бугарите во Синсинати, училиштето минува под закрила на самата Организација и на Министерството за образование и наука на Република Бугарија кои имаат специјална програма за мајчин јазик и култура зад границата. Училиштето се помага финансиски со мали суми од Министерството за образование и наука на Република Бугарија. Во 2022 година поднесовме апликација да бидеме запишани во списокот со бугарски неделни училишта во странство на бугарското Министерство за образование и наука. Сега за прва година сме неделно училиште признаено од бугарското МОН и ја продолжуваме традицијата од 2010 година наваму”, вели Надја Танова, директорка на училиштето ,,Родољубие”.

Според зборовите на директорката училиштето се проширува и има деца не само од Синсинати, туку и деца од реонот на Колумбус, други делови на Охајо, државата Кентаки и други држави во САД. Училиштето одржува и онлајн часови, бидејќи и покрај големиот број на бугарски неделни училишта, некои од родителите немаат можност физички да ги испратат децата во истите.

,,Онлајн платформата во нашето училиште им дава можност на тие деца да продолжуваат да се занимаваат и да го совладуваат бугарскиот јазик и да помагаат за зачувување на нашето јазично наследство”, вели Танова.

Во моментот физички училиштето го посетуваат десетина локални деца, додека поголемите ученици што посетуваат гимназија ја користат онлајн платформата.

,,Кога имаме настани организирани од Асоцијацијата на Бугарите во Синсинати присуствуваат сите ученици бидејќи тие настани се одржуваат најчесто во сабота и недела. Последниот таков настан беше фестивалот ,,Баба Марта” на кој две ученички во гимназија заедно со децата и со поголемите ученици ги отпеаја двете химни на Бугарија и на САД . Големите исто така ги посетуваат и работилниците што ги организираме за да им помагаат на помалите, да прават мартинки или сурвачки.

Годишно правиме по 4 работилници кои се поврзани со традициите, бугарската култура, обичаи и тоа што се случува во Бугарија”, вели Танова.

Децата имаат тешкотии во совладувањето на учебниот материјал, бидејќи освен во времето кога се ангажирани во училиштето физички и во онлајн платформата, во останатото време тие се дел од земја во која се говори на англиски јазик. Тие се трудат и кога доаѓаат во училиштето или ја посетуваат онлајн платформата, зборуваат исклучиво на бугарски јазик.

,,Направивме неколку средби за развојот на билингвизмот кај децата, не сакаме бугарскиот јазик да го замени англискиот , тие деца живеат во таа средина, но двата јазици можат да бидат совладани истовремено. Некои родители беа вознемирени од тоа што бугарскиот јазик може да им пречи на малите деца во совладувањето на англискиот јазик , но веќе разбираат дека нема проблем во совладувањето на втор или трет јазик. Сум одржувала родителски средби на кои давам совети како да се учи јазикот и дома за да не се смета само на часовите во училиштето. Сум организирала средби со родителите и во однос на развојот на билингвизмот, што и како треба да се направи, сме зборувале за работите што ги вознемируваат. Годинава повторно ќе организираме такви средби за родителите што доаѓаат. Многу често бугарскиот јазик е втор јазик за децата а се учи и како странски јазик. Ние имаме деца за кои бугарскиот јазик е странски а имаме деца за кои бугарскиот јазик е втор јазик. Разликата е во тоа што во некои семејства се говори на бугарски јазик, децата често ја посетуваат Бугарија а зборуваме за странски јазик кога децата се изложени само на англискиот јазик. Се трудиме да напредуваме и во двете насоки. Убаво е што можеме да ги распоредиме децата во посебни класови во зависност од тоа на какво ниво го владеат бугарскиот јазик. Во случајот се зема под внимание и возраста на децата. Благодарение на финансирањето на Министерството можеме да си го дозволиме тоа а исто така и родителите плаќаат месечна такса од 50 долари (400 долари годишна такса, по 50 долари за 8 месеци), со што помагаат на училиштето”, вели Надја Танова, додавајќи дека финансирањето им помага и да имаат помали класови во кои се обрнува поголемо внимание на децата со индивидуални планови за секое дете, со цел зголемување на неговите јазични вештини, а исто така да се организираат работилници, часови по музика, уметнички работилници, воннаставни активности и разговори со родителите за развивање на двојазичноста кај децата.

Слични Објави