| | |

Одбележуваме 14 години од смртта на големиот патриот и борец за правата на Бугарите во РС Македонија Јован Стојановски- Јове Рибарот

На денешен ден, одбележуваме 14 години од смртта на Јован Стојановски-Јове Рибарот, еден од најпознатите активисти во борбата за правата на македонските Бугари и еден од основачите на првото здружение на македонските Бугари на територијата на независна Република Северна Македонија- здружението „Радко“.

Јове Рибарот бил главен финансиер и организатор на панахидите за Мара Бунева, што традиционално се одржуваа во Скопје во 90-тите години на минатиот век.

Јован Стојановски е роден на 15 септември 1939 г. во Скопје.

Еве што пишува за неговата одисеја дописникот на Бугарската национална телевизија Костадин Филипов во август 2009 г. речиси шест месеци пред Стојановски да почине на 11. 03.2010 г.

Јован Стојановски од Скопје е еден од луѓето што настрадаа во годините по прогласувањето на независноста на Република Македонија, поради својата бугарска самосвест. Обвинението против него беше дека за време на основањето на пробугарското здружение Радко во Скопје во 2000 година, тој бил еден од лицата што се обиделе да ги фатат тројцата млади луѓе кои фрлиле димни бомби во салата. Судот го осудил на три месеци затвор, а апелациониот судија ја зголемил казната за уште три, наведувајќи: „за вас, Бугарите, нема милост“ …

„Лежев пет месеци, затвор како затвор, спиев на земја, таму, барав кревет, тој, директорот, е комунист, кога дозна за кого е се работи, ми ги врати парите, се исплаши … “, раскажува Јове Стојановски-Рибарот пред Костадин Филипов.

Стојановски е дециден дека и покрај објавената независност, стравот доминира во македонското општество.

„Има многу Бугари кои се плашат да кажат. Има такви во Владата, ги има насекаде, да ви кажам … Но, тие не се охрабруваат да кажат, ако кажат, ќе бидат соборени од власт “, вели Стојановски пред новинарот Костадин Филипов.

Четиринаесет години по изјавата на Јован Стојановски-Рибарот пред новинарот од БНТ… Времето во Македонија стои!

Бог да го прости Јован Стојановски-Јове Рибарот и вечна му слава!



Слични Објави