|

Сеизмолошката опсерваторија во ризик од затворање 13 станици

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека се очекува одобрување на проект за набавка на нови инструменти за Сеизмолошката опсерваторија, што би помогнало во надминување на сериозниот проблем со кој се соочува оваа институција – затворање на 13 сеизмолошки станици низ земјата.

До почетокот на 2026 година завршува меѓународниот проект AdriaArray, преку кој во 2023 година беа поставени 13 привремени станици за следење на сеизмичка активност. По завршувањето, германската влада ќе ги повлече инструментите, а Северна Македонија ќе остане без функционална мрежа за сеизмички мониторинг.

Раководителката на Опсерваторијата, проф. д-р Катерина Дрогрешка, предупреди дека по заминувањето на ORFEUS, државата ќе остане без соодветна опрема и ќе се загрози следењето на сеизмичката активност.

Опсерваторијата има итна потреба од најмалку 10 нови сеизмолошки станици, софтвери и компјутерска опрема, за да се продолжи со мониторингот во реално време и да се заштитат населението и инфраструктурата од евентуални силни земјотреси.



Слични Објави