Делегација на најголемиот концерн за оружје во Европа „Рајнметал“ пристигнува во Бугарија
Делегација на најголемиот европски концерн за оружје „Рајнметал“ доаѓа во посета на Бугарија. Со оглед на одлуката за превооружување на Европа, Германците ќе ги разгледаат можностите за инвестирање и соработка со бугарските фабрики за оружје. Тие во претпладневните часови треба да се сретнат со претседателот Румен Радев кој ги покани да ја посетат Бугарија на конференцијата во Минхен. Потоа ќе се сретнат и со Комисијата за одбрана на бугарскиот парламент, јавува бугарскиот дневен весник „24 часа“.
„Рајнметал“ ќе има специјална средба и со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој за време на неговата втора влада, го покрена прашањето за повторно вооружување на Европа пред тогашната канцеларка Меркел и оттогаш има блиски врски со концернот. Борисов негува многу добри односи и со идниот канцелар Фридрих Мерц.
Во доцните попладневни часови делегацијата ќе разговара со премиерот Росен Желјазков, вицепремиерот Томислав Дончев и министрите од кои ќе зависат конкретните активности во однос на идната соработка и инвестициите во секторот за производство на оружје.
