ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ВО ПРЕДМЕТОТ „ТРЕЗОР“ ПРОТИВ САШО МИЈАЛКОВ И ЕКС ФУНКЦИОНЕРИ НА УБК

//

Ослободителна пресуда побара одбраната на екс шефот на УБК Сашо Мијалков за набавката на британската опрема за следење на комуникациите од Гама интернешнл во 2010та. 

Во завршниот збор за случајот познат под името Трезор, тврдеа дека Мијалков како тогашен прв човек на тајната полиција не можел да му издаде наредба на помошник – министерот, ниту пак во Лондон ја договарал набавката.

Адвокатите на Мијалков ја оспорија и надлежноста на застапниците на обвинението, обвинителите Артан Ајро и Трајче Пеливанов, тврдејќи дека за овој случај е надлежно Обвинителството за организиран криминал. Негираа и дека Мијалков имал врска со фирмата Финзи, преку која била спроведена набавката.

Мијалков не зборуваше пред судиите, единствено рече дека стои зад одбраната на своите адвокати.



Тони Јакимовски како тогашен шеф на кабинетот на Мијалков во случајот е обвинет за помагање. Го убедуваше судот дека обвинението е базирано, како што рече, на измислени теории.

Според обвинителството, пак, кое завршните зборови ги даде на минатото рочиште, наместо директно од фирмата „Гама интернешнл“ од В. Британија, опремата била набавена преку фирма посредник „Финзи“, а проценките се дека се злоупотребени над 860 илјади евра државни пари.

Освен Мијалков и Јакимовски, во случајот обвинети се и поранешниот помошник – министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

Претходна статија

OД УТРЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 20 ЧАСОТ, СЕ ЗАТВОРААТ КАФУЛИЊАТА, ВЕЖБАЛНИЦИТЕ, ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ

Следна статија

БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ ЗА ДЕНАР, ЦЕНАТА НА ДИЗЕЛОТ ИСТА

Најново од Вести