НА СУДЕЊЕТО ЗА „МОНСТРУМ“ СЕ ГЛЕДАШЕ СНИМКА ОД ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА, ПО ШТО ЗАЕВ ЌЕ СВЕДОЧИ И ВО СУДНИЦА
На денешното рочиште за случајот „Монструм” се гледа видео снимка од собраниска седница, од 2018 година, на која зборувал доскорашниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, пишува Фокус.
Тој одговара на пратеничко прашање на пратеникот Зоран Илиљовски.
-Вие како опозиционер изјавивте дека имате прислушувани материјали со кои се расветлува сучајот „Монструм”. Дали имате докази и дали навистина ја откриваат вистината или доколку не е така, дали чувствувате одговорност што ги манипулиравте родителите на тие деца?, е прашањето на пратеникот до Заев.
Тогашниот премиер Заев, од собраниската говорница, вели:
– Ако Заев имаше конкретни докази, тие докази, бомби, ќе беа пуштени до крај . Во доказите има сериозни индиции и затоа се доставени до обвинителството.
Целиот напис прочитајте го овде.

