|

ЗЕЛЕНСКИ: ВО ТЕХЕРАН ЗНАЕЛЕ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК ДЕКА АРМИЈАТА ГО УРНА НАШИОТ ПАТНИЧКИ АВИОН

„Украина поседува важен аудиозапис на иранските диспечери, од којшто станува јасно дека во Техеран знаеле уште од самиот почеток дека падот на украинскиот патнички авион е предизвикан од ракетен напад, изјави претседателот на Украина, Владимир Зеленски, цитиран од ТАСС.
„Тие биле свесни што се случува во моментот на несреќата со авионот“, додава украинскиот претседател.
Авионот „Боинг-737“ се урна на 8 јануари, неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран. Загинаа 176 луѓе од 7 земји. Генералниот штаб на иранските вооружени сили дури на 11 јануари призна дека авионот бил соборен по грешка од страна на воздушната одбрана на земјата. Претходно, Техеран упорно негираше дека има врска со инцидентот.

Слични Објави