Рекордни 152 ученици ја завршија со одличен успех ИТ-програмата на бугарското Министерство за образование и наука
Рекордни 152 од вкупно 255 ученици ја завршија со одличен успех националната програма „Обука за ИТ-вештини и кариера“ на бугарското Министерство за образование и наука. Од нив, 23 се дипломирале со највисока оценка 6,00. На свеченоста беа наградени и 10 наставници и универзитетски професори, јавува 24 часа.
„Среќна сум што стојам пред млади луѓе кои избрале да ги надградат своите вештини и да имаат поголем избор при градењето кариера“, изјави заменик-министерката за образование и наука на Бугарија проф. Сења Терзиева-Жељазкова.
Програмата се спроведува од 2017 година и е наменета за ученици кои не изучуваат компјутерски науки или информатика. Обуката се одржува за време на викендите и распустите, трае три учебни години и овозможува стекнување квалификација „ специјалист по применето програмирање“.
Во програмата досега учествувале повеќе од 7.300 ученици. Наставата се спроведува во пет центри во Софија, Правец, Русе, Пловдив и Бургас, во соработка со училишта, универзитети и ИТ-компании. Повеќето дипломирани ученици го продолжуваат образованието или се вработуваат во технолошки компании.
