ДИК изврши избор на компанијата што ќе го набави системот за биометриска идентификација на гласачите
Државната изборна комисија (ДИК) денеска изврши избор на компанијата што треба да го набави интегрираниот систем за биометриска индентификација на гласачите, јави МИА. Според најавите, повеќе информации во врска со набавката на овој систем и подготовките за локалните избори Комисијата ќе соопшти во текот на утрешниот ден.
На повторениот тендер за набавка на интергрираниот систем се пријавија четири компании. Претседателот на Комисијата Александар Даштевски на 2 јули за МИА изјави дека системот и терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти ќе бидат навреме набавени за локалните избори. Идентитетот на гласачите на локалните избори за првпат ќе се проверува со терминали за отпечатоци од прсти, нешто што беше предвидено со последните измени на Изборниот законик.
Даштевски тогаш рече исто така дека очекува локалните избори да бидат распишани од страна на претседателот на Собранието на почетокот на август. Целиот напис можете да го видите овде.
Извор: Zoom. mk
