|

Подготвени триста божикни оброци за социјално загрозени семејства во Општина Кисела Вода

Сите на овој свет сме со некоја мисија, а мојата е да има што повеќе среќни луѓе, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој, заедно со отецот Оливер, со својата сопруга и дел од кабинетот го мина Божикниот ден во црковно-народната кујна на хуманитарната организација “Свети Спас”, каде заеднички подготвија триста оброци за социјално-загрозените граѓани.

„Божиќ е празник на благослов, благодарност, подадена рака и најрадосен ден. И бидејќи радоста треба да се сподели со сите, денес подготвивме божиќен ручек за околу 300 наши сограѓани, во соработка со хуманитарната организација ,,Св. Спас” и мојот драг пријател отец Оливер, мојата сопруга и дел од мојот тим. Ви посакувам честит празник и неизмерна љубов во семејството, мир и бериќет. Посакувам сите луѓе да се среќни. Да правиме што повеќе добрини и да не очекуваме ништо за возврат бидејќи Бог ќе нѐ награди“, истакна Ѓорѓиевски.

Инаку Божикните празнувања во општина Кисела Вода беа одбележани со повеќе хуманитарни активности. Беа поделени хуманитарни пакети на повеќе семејства во социјален ризик, а со коледарски пакетчиња беа дарувани и дечињата кои беа дел од Бадниковата поворка.



Слични Објави