Бугарскиот црвен крст досега испратил повеќе од 24 тони хуманитарна помош за Сирија
Бугарскиот Црвен крст испрати над 24 тони хуманитарна помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Сирија на 6 февруари годинава.
Помошта, дистрибуирана во четири камиони, е организирана во партнерство со Главната дирекција за противпожарна безбедност и заштита на населението во Бугарија и Координативниот центар за одговор при итни случаи на Европската комисија. Помошта содржи материјални донации од бугарски граѓани и компании собрани во рамките на Националната кампања за помош на жртвите од земјотресот.
Со карго авион се очекува испорака на дополнителни речиси 33 тони материјални донации, повторно од Националната кампања на БЦК. Помошта треба да замине за либанскиот главен град Бејрут. Таму пратката ќе ја истоварат претставници на либанскиот Црвен крст и ќе ја транспортираат со хуманитарен конвој во Сирија. На сириска територија, хуманитарната помош од БЦК ќе ја преземе Сириската Арапска Црвена Полумесечина, која има пристап до сите погодени територии и ќе ги обезбедува предметите донирани од бугарските граѓани и компании на оние на кои им е потребна.
Бугарскиот Црвен крст досега обезбеди материјални донации за Турција и Сирија од своите резерви за катастрофи во вредност од речиси 310.000 евра, како и 224 кутии со донации за Турција од Националната кампања за помош на жртвите од земјотресот.
