|

Бугарија и Израел ја интензивираат соработката во информатичката технологија и комуникациите

Бугарскиот извоз во Израел бележи раст од речиси 36% во 2022 година. Ова стана јасно на средбата во Израел меѓу министрите за економија и индустрија на Бугарија и Израел, Никола Стојанов и Нир Баркат. Извозот од Бугарија сочинува околу 80% од билатералната трговија која до денес изнесува речиси 400 милиони американски долари.

Имајќи ја предвид нашата географска близина и богатата историја меѓу нашите две држави, тоа се многу ниски вредности“, нагласи Стојанов. Договорено е Бугарија и Израел да организираат бизнис форум за компании од областа на информатичко-комуникациските технологии како конкретен чекор за унапредување на деловните односи. Соговорниците ги посочија иновациите и високата технологија како една од областите со најголем потенцијал за заедничка соработка меѓу двете држави.

Во текот на разговорот стана јасно и дека многу од израелските компании кои развиваат дејност во Бугарија имаат регистрирано бугарски фирми и нивните инвестиции се пријавени како инвестиции од бугарски правни лица, а не од странски.

Стојанов во Тел Авив ја посети централата на најголемата државна компанија во одбранбената индустрија – „Рафаел“, каде што се разговараше за можностите за споделување искуство и знаење меѓу компаниите од двете држави од овој сектор.



Слични Објави