МАНЧЕВСКИ: ЌЕ БАРАМЕ КАДАР ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ И НАДВОР ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со други ресори бара начин за привлекување кадар и од јавниот сектор и надвор од  институциите  за вклучување во процесот на преговори со Европската унија, изјави денеска  ресорниот министер Дамјан Манчевски.

Тој смета дека државата ќе биде подготвена да одговори на барањата со потребниот кадровски капацитет кога ќе почнат преговорите.

– Заедно со Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања и со Министерството за финансии работиме на предлог со кој ќе се овозможи начин, се надеваме, кој ќе привлече луѓе и од другите институции во рамки на јавниот сектор, но и надвор од институциите да се приклучат во процесот на преговорите, изјави Манчевски.