ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Регулаторната комисија за енергетика ги објави цените на дериватите што ќе важат во следните две недели. Според новиот ценовник, бензинот „супер-98“ поскапува за 2,50 денари и ќе чини 73 денари за литар. „Супер-95“ поскапува за 3,00 денари и ќе се продава по цена од 71,5 денари, а литар дизел ќе биде поскап за 1,50 денари и ќе се продава по цена од 62,5 денари.