БРАЗИЛ: 921 ПОЧИНАТ И 38.307 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВДИ-19
Во Бразил од последниот пресек се пријавени 38.307 нови случаи на заразени со коронавирусот, вкупно 5.848.959 од почетокот на пандемијата, соопшти министерството за здравство.
Бројот на починати од последиците на вирусот Ковид-19 е зголемен за 921 на 165.658, пренесе „Ројтерс“.
Бразил по бројот на потврдени случаи со Ковид-19 се наоѓа на трето место во светот, зад САД и Индија, додека бројката на починати е повисока само во САД.