|

ДУИ: 83 седници без објавени записници на албански јазик

Речиси една година записниците од владините седници не се објавуваат на албански јазик, обвинија од ДУИ.

„Последниот записник објавен на албански јазик е од 19 септември 2025 година. Оттогаш се одржани 83 седници на Владата, а записниците од нив сè уште ги нема во албанската верзија на официјалната веб-страница. Станува збор за официјална документација на највисокиот орган на извршната власт и за период од 11 месеци. Толкав број необјавени документи бара целосно објаснување за начинот на кој во самата Влада се спроведува Законот за употреба на јазиците. Ситуацијата е уште посериозна бидејќи ова прашање и претходно беше јавно отворено, а претставници на неВреди тврдеа дека записниците се достапни и на албански јазик. Денес, 83 последователни записници и натаму не се достапни на албански јазик“, велат од ДУИ.

Од партијата велат дека го осудуваат ваквото, како што велат, непочитување на законските обврски за употреба на албанскиот јазик и бара институционална одговорност.

„Бараме Владата јавно да ги соопшти причините поради кои овие записници не се објавени, да утврди кој е одговорен за оваа состојба и веднаш да ја објави целата документација што недостасува на албански јазик. Законот за употреба на јазиците предвидува и санкции за непочитување на неговите одредби. Надлежните институции треба да утврдат дали во овој случај постојат услови за одговорност и да постапат согласно со законот. неВреди, исто така, треба да им одговори на Албанците како дозволил цели 11 месеци и 83 седници на Владата оваа состојба да продолжи без да биде исправена“, велат од ДУИ и бараат објавување на записниците на албански јазик и одговорност за овој, како што велат, скандал.

„Да го повикаме Инспекторатот за употреба на јазиците да постапи, за жал, веќе речиси и да невреди. „Невреди“ го деградираше и ослабна до тој степен што оваа институција, која требаше да биде еден од главните механизми за заштита на албанскиот јазик, практично е направена немоќна“, пишува во соопштението.

 

Слични Објави