|

НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА МИГРАНТИТЕ ИЗГРАВИРАНИ И НА СТАТУАТА НА СЛОБОДАТА

Директорот на американската федерална Служба за државјанство и имиграција, Кен Кучинели, го дополни текстот што е изгравиран на Статуата на слободата во Њујорк, за тој да биде во согласност со новата уредба за одобрување на зелен картон за мигрантите.

Во текстот на писателката Ема Лазарус ,,Дајте ми ги своите уморни, своите сиромашни, сите збиени маси кои чезнеат да дишат слободно”, Кучинели додал „и кои знаат дека стојат на своите нозе и да не бидат на товар на државата”, пренесува Би-би-си.

Уредбата што е усвоена во понеделникот предвидува дека легалните мигранти нема да можат да добијат зелен картон, ако меѓу другото кориселе поволности како живеење во државни станови или помош во храна.

Во интервју за радиото НПР, Кучинели го прашаа дали смета дека зборовите од песната на Ема Лазарус од 1883 година испишани на Статуата на слободата и понатаму се актуелни и дали сè уште се дел од американскиот дух, одговори: „Секако дека се, со додавка – дајте ми ги своите уморни и сиромашни кои знаат да стојат на своите нозе и да не бидат на товар на државата”.

На прашањето дали со новата уредба се менува дефиницијата на ,,американскиот сон”, Кучинели вели: ,,Никој кој овде не е роден како Американец нема право да стане Американец”.

Извор: Макфакс



Слични Објави