ГЕНСЕКОТ ВО ОДБРАНА НА ШЕФОТ: ДА НЕ БЕШЕ ЗАЕВ…

/

„Да не беше Зоран Заев уште ќе траеше борбата за слобода и демократија.

Ќе бевме заробена и изолирана држава. Ќе владееше стравот и молкот а медиумите и судството уште повеќе поклопени од режимот.

Да не беше тој немаше да имаме премиер што одговара на секој, што ги слуша сите, што има трпение и храброст за секоја потреба и цел на граѓаните.

Да не беше тој денес немаше да бидеме земја – светол пример, пред влез во #НАТО и пред вратата на ??.

И кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот.



Граѓаните секогаш ќе ја изберат правдата и државата а не мафијата.

Светлата иднина а не мрачното минато.

Затоа ќе успееме!“, напиша на својот профил генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер Љупчо Николовски, во одбрана на премиерот Заев, кој од синоќа по изјавата за едниот суетен новинар и едниот педер се најде во ситуација да биде нападнат од сите страни, дури и од луѓе кои довчера го симпатизираа и се бореа рамо до рамо со него.



Претходна статија

УБИЕНО 17-ГОДИШНО МОМЧЕ ВО НОВО ЛИСИЧЕ

Следна статија

ПО ПЕКОЛНОТО ВРЕМЕ СЛЕДУВА ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

Најново од Вести