УБИЕНО 17-ГОДИШНО МОМЧЕ ВО НОВО ЛИСИЧЕ

Седумнаесет годишниот Х.Н. почина од убодна рана која му ја задал познаникот Т.А. во Паркот на музиката во Ново Лисиче, дознава „Слободен печат“.

Немилиот настан се случил ноќеска, 35 минути после полноќ. На инцидентот му претходела расправија меѓу неколку момчиња со 18-годишниот К.А. кој бил во друштво Д.К. (17). Во еден момент Т.А. извадил нож и му нанел неколку повреди на Х.Н.