|

Првата група од 31-та бугарска антарктичка експедиција веќе се наоѓа во бугарската поларна станица на островот Ливингстон

Д-р Атанас Пелтеков преку сателитски телефон го информираше шефот на експедицијата проф. Христо Пимпирев дека првата група од 31-та бугарска антарктичка експедиција веќе се наоѓа на бугарската поларна станица на островот Ливингсон. Ова го објави Бугарскиот антарктички институт со кој претседава проф.Христо Пимпирев на својот Фејсбук профил.

Околу полноќ, во сè уште светлата „бела ноќ“ на јужното лето, групата се симна по десетчасовно патување од чилеанскиот воен брод „Галварино“, во кој беа превезени од соседниот остров Кинг Џорџ.

Десетте членови на групата – д-р Атанас Пелтеков, инж. Петар Сапунџиев, машинско-енергетски инженер Константин Недев, логистика Камен Недков и Петар Тризлинцев, географ д-р Теменужка Спасова, сеизмолог д-р Гергана Георгиева, дерматолог д-р Иван Богданов. радиологот Викторија Недјалкова и биологот Атила Марков се во добра здравствена состојба и почнуваат со деконзервирање на базата по зимскиот период во пресрет на следната група и на бродот „Свети Кирил и Методиј“, информираат од бугарскиот Антарктички институт.

Слични Објави