КРИВИЧНА ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО

//

Поранешниот градоначалник на Неготино, В.А. (56), е осомничен дека исплатил милионски суми на градежната фирма „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино за изградба на локален пат и за други градежни активности без комплетна документација.

Против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Во истиот случај осомничени се и Ѓ.Т.(34), В.В.(59) и С.В.(35), сите од Неготино, за кривично дело несовесно работење во службата и употреба на исправа со невистинита содржина како и Љ.Т.(57) од Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа.

Според информациите од МВР, во декемри 2015 година Апостолов, како градоначалник на Општина Неготино, во повеќе наврати, на ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино, исплатил 2.991.624 денари за изведени градежни работи на локален пат без комплетна документација за истите. Притоа, надзорот на градежните работи бил извршен и потврден од правното лице кое немало склучено договор со Општина Неготино и не било потпишано од страна на градежен инжинер.

Исто така, во текот на 2016 првопријавениот склучил повеќе договори за цесија со повеќе правни лица, со цел отстапување на парични средства во износ од 4.514.623 денари на ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино, без комплетна документација за извршените градежни активности, односно без прилог на градежни дневници и потпис од градежен инжинер.

Второпријавениот, како градежен инжинер во Општина Неготино, и покрај тоа што бил овластен да присуствува во воведувањето на работа на надзорниот инжинер за наведените градежни активност, тој не присуствувал и не ја прегледал и потпишал документацијата од наведеното правно лице за извршените градежни активности.



Третопријавената, како управител ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино и четвртопријавениот, како овластено лице за изведување на наведените градежните активности изготвиле лажна документација за изведените градежни активности и ја употребиле при наплата од Општина Неготино за изведени градежни активности, со што се стекнале со противправна имотна корист од 7.506.247 денари.

Петтопријавениот, како надзорен инжинер и сопственик во ДПИТУ „Хидро градежен инжинеринг“ ДОО Скопје, ги документирал и одобрувал наведените градежни активности на ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино, и покрај тоа што во почетната фаза, наведеното правно лице немало склучено договор за вршење надзор со Општина Неготино.

Со ова, пријавените овозможиле ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино да се стекне со противправна имотна корист од 7,5 милиони денари, на штета на Буџетот на Македонија.

Претходна статија

МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ДА ГИ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ПОБАРАА БУГАРИЈА, ГРЦИЈА, РОМАНИЈА И ХРВАТСКА

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: РУСКОВСКА ОД ДЕН ВО ДЕН ДОКАЖУВА ДЕКА Е ПИУН НА ЗАЕВ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да