Бугарите во странство гласаат во 493 избирачки места во 55 држави
Бугарските граѓани во странство веќе гласаат во вкупно 493 избирачки места во 55 држави. За гласање е потребен валиден документ за лична идентификација. Согласно Изборниот законик, гласачите во странство можат да го остварат своето право на глас во која било секција по нивен избор, без оглед дали поднеле претходна пријава, јавува БНР.
Актуелни информации за локациите на сите секции се достапни преку интерактивна мапа на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.
Први гласаа бугарските граѓани во Оукланд и Крајстчрч, Нов Зеланд, каде избирачките места беа отворени во 22:00 часот по бугарско време. Последни ќе затворат секциите на Западниот брег на САД – во 06:00 часот по бугарско време во понеделник.
Најголем број секции има во Германија – 70, следуваат Шпанија со 67, Обединетото Кралство со 28, Турција и Италија со по 27, Грција со 26 и САД со 24.
Бугарските граѓани кои се наоѓаат на територија на Македонија можат да го остварат своето право на глас во следните гласачки места:
Скопје-Амбасада на Р. Бугарија ул. Златко Шнајдер бр. 3
Битола- Генерален конзулат на Република Бугарија бул. 1 мај бр. 53
Охрид ул. “Македонски просветители” Трговски центар Амам, 1 спрат, Локал 203
Струмица ул. “Гоце Делчев” № 24 А, хотел „Илинден“
Прилеп ул. Методиja Шаторов-Шарло, бр. 38

