8% е излезноста до 10:00 часот на изборите во Бугарија според социолошката агенција „Тренд“
Излезноста на парламентарните избори во Бугарија достигна 8% до 10:00 часот, покажуваат податоците на агенцијата „Тренд“. Во Бугарија се одржуваат избори за парламент. Изборниот ден започна во 7:00 часот локално време низ целата земја, право на глас имаат 6 575 151 граѓани. Гласањето се одвива со гласачко ливче или со машина, а отворени се 12 721 избирачки места, од кои во 9354 се гласа машински, јавува БГНЕС.
Во поголемиот дел од земјата изборниот ден започна нормално и без доцнења. Во Софија, Пловдив, Бургас и други градови сите секции беа отворени навреме.
Централната изборна комисија јави за добиени сигнали за нерегуларности, но повеќето биле неосновани.
Бугарските граѓани во странство гласаат во 493 избирачки места во 55 држави. Бугарските граѓани кои се наоѓаат на територија на Македонија можат да го остварат своето право на глас во следните гласачки места:
Скопје-Амбасада на Р. Бугарија ул. Златко Шнајдер бр. 3
Битола- Генерален конзулат на Република Бугарија бул. 1 мај бр. 53
Охрид ул. “Македонски просветители” Трговски центар Амам, 1 спрат, Локал 203
Струмица ул. “Гоце Делчев” № 24 А, хотел „Илинден“
Прилеп ул. Методиja Шаторов-Шарло, бр. 38

