ОРНЕЛА МУТИ ГО ОТКАЖА НАСТАПОТ ЗА ДА ОДИ НА ВЕЧЕРА СО ПУТИН

/

Орнела Мути (64), истакната италијанска актерка и модел, беше прогласена за виновна од Врховниот суд на Италија и казнета со 500 евра и осудена на условна казна затвор бидејќи користела лажни медицински наоди во 2010 година.

Тоа го направила за да го избегне рециталот во Порденоне, бидејќи сакала да оди на вечера со тогашниот премиер, денеска руски претседател Владимир Путин (66) на која присуствувале холивудски ѕвезди како Голди Хоун, Моника Белучи, Шерон Стоун и Жерар Депардје.

Таа мора да му исплати околу 30.000 евра на Театарот Верди, бидејќи мораше таму да настапи. Орнела тогаш тврдеше дека не може да дојде на рециталот затоа што страда од ларингитис и треска, оставајќи ги организаторите на настанот на цедило, според „Телеграф“.

Ако не ја плати казната, ќе мора да оди во затвор. Таа не може да поднесе жалба на оваа пресуда на Врховниот суд.



Казната мора да се плати во рок од еден месец, но тоа може да биде тешко за актерката бидејќи таа уште од 2015 година се жали дека не може да плати парична казна од 30.000 евра, а беше исфрлена и од станот во Рим бидејќи должи речиси 80.000 евра за кирија.

Извор: Макфаксhttps://makfax.com.mk/zanimlivosti/%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D0%BC%D1%83%D1%82%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0/



Претходна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА Ф.С.(56), РЕГИСТРИРАЛ ВОЗИЛО СО ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ

Следна статија

МУРИЊО: БАШ БИ САКАЛ ДА СУМ СЕЛЕКТОР

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да