Бугарија ќе испрати уште 30 медицински лица за Турција
Бугарија испраќа уште помош за настраданите од разорните земјотреси. Наскоро се очекува нов лет со 30 медицински лица да замине за Турција. Воените авиони „Спартан“ досега имаат реализирано пет летови. 86 спасувачи, над 30 парчиња специјализирана опрема за расчистување и пет кучиња од Бугарскиот Црвен крст веќе се на терен и помагаат.
6 лица од главниот град се опремени со специјализирана опрема за пребарување и спасување, вклучувајќи термални камери и дрон. Волонтери од различни бугарски градови испраќаат автобуси со помош. Во знак на поддршка на жртвите е и кампањата на БЦК, со која досега се собрани повеќе од 780.000 лева.

