| |

Радев: Бугарија е пример за толеранција и разбирање меѓу верските заедници

Бугарија е пример за толеранција, заемно почитување и разбирање меѓу верските заедници, а активен придонес кон тоа има и работата на Главното муфтиство во земјата. Ова го изјави премиерот Румен Радев на средбата со новоизбраниот главен муфтија на муслиманите во Бугарија, д-р Ахмед Хасанов, јавува БГНЕС.

Радев истакна дека добрите односи се засноваат врз цврстите темели на традиционалниот ислам и врз заедничките вредности на муслиманите и христијаните, кои мирно живеат заедно во земјата.

Д-р Хасанов посочи дека Главното муфтиство, под негово раководство, ќе ја задржи својата улога во зацврстувањето на овие вредности и ќе продолжи да ги поттикнува младите кон почитување и добродетелство.

На средбата се разговарало и за зачувувањето на културно-историските споменици од големо значење за бугарското општество, акредитацијата на Високиот исламски институт како столб на образованието засновано врз вредностите на традиционалниот ислам, како и за обезбедувањето духовна поддршка за младите во услови на морална криза.

Слични Објави