БУГАРИЈА СЕ ВООРУЖУВА: ВО ТЕК Е КУПУВАЊЕ НА ВОЕНА ТЕХНИКА ВО ВРЕДНОСТ ОД 1, 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА
Бугарија ќе купува дронови за разузнувачки активности во вредност од речиси 13 милиони евра, јавуваат бугарските медиуми. Министерството за одбрана на Бугарија веќе ја има испратено поканата за соработка до 24 фирми што произведуваат таква опрема.
Министерството за одбрана на Бугарија веќе купи американски воени авиони Ф-16 во вредност од 1 милијарда евра, а во тек е купувањето на 2 воени брода за 500 милиони евра и 150 транспортери за цена од речиси 750 милиони евра.