| |

СТАТУСОТ НА ТРИЧКОВСКИ ЗА МИЦКОСКИ И НЕГОВАТА СМРТ БИЛ ПОЛИТИЧКА ПОЕЗИЈА

„Инкриминираниот статус е политичка поезија, ангажирана, се разбира, и јас предлагам, да се емитира во јавниот простор во сета своја ослободителна мисија против просташтвото. Ако против короната моравме да се дистанцираме, во случајот против вмороната, мораме да се обединиме, да се собереме, по кафеани, школи, градинки, стадиони, плоштади, библиотеки, самите со себе, да ги исфрлиме, сите заедно, од узурпираната фотеља на политичката алтернатива.Тој статус на Вмро-Дпмне е срамен пораз за сите нас. Не дозволувајте да ве заведуваат со вакви работи. Предлагам да ги погледнеме како што човекот ги гледа бумбарите кои си ги тркалаат своите топчиња говна, како нижи суштества, да ги оставиме да си ги тркалаат, само да ставиме една талпа пред влезот во нашата дупка“- пишува новинарот Бранко Тричковски.

Потсетуваме дека пред два дена секторот за компјутерски криминал при МВР до скопското Oсновно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против новинарот Бранко Тричковски, кој на социјалните мрежи објави статус со навредлива и заканувачка содржина кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Минатиот понеделник, Тричковски напиша подолга објава која започнува со прашањето „Што ќе се случи ако умре Христијан М.“, а скратена верзија од истата објави и на својот налог на „Твитер“.

Слични Објави