| |

(ВИДЕО) ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНО БЕБЕ ОД ШКОТСКА ГО ПОБЕДИ КОВИД-19

Трејси Мегвајер се сеќава на моментот кога лекарите ставале брис во носот на нејзиното бебе старо само три недели за да го тестираат за коронавирус.

Таа вели дека тоа било една од највознемирувачките работи што ги видела во животот.

„Ова беше првпат да го видам моето бебе како плаче“, раскажува Мегвајер.

Малата Пејтон се родила осум недели предвреме и тежела само еден и пол килограм. Лекарите, по рутинскиот преглед, се загрижиле дека Трејси можеби има здравствени проблеми и ги испратиле неа и бебето во болницата Вишов во Ланаркшир за дополнителни тестови. Набрзо било откриено дека бебето е заразено со коронавирус, пренесува Би-би-си.

„Ми рекоа дека Пејтон е во ред и не мора премногу да се грижам. Мислам дека лекарот всушност сакаше да ме смири, но јас постојано плачев. Мислев: ‘Колку може да биде добра кога е толку слаба и ситна, како може да се бори против овој вирус?“, раскажува мајката.

Малата Пејтон добила стероиди за даѝ зајакнат белите дробови, а на нејзината мајка и’ било кажано дека поради царскиот рез, мора да оди дома на 14 дена и да се изолира од своето бебе.

„Ги молев докторите по телефон да ме остават да бидам со неа. Колку и да внимаваа сите на неа, јас сепак сум нејзината мајка. Дури и да имаше само настинка, јас ќе сакав да бидам таму со неа“, објаснува Мегвајер.



Слични Објави