| |

СТАРЕЦ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАР ВО КУМАНОВО ОТКАКО МУ СЕ ЗАПАЛИ КВАРЦНАТА ПЕЧКА

Кварцната печка во неговиот дом се запалила по што старецот Б/Ј. (78) од Куманово жив изгоре во својот дом, информираат од МВР.

Изгорениот труп бил пронајден во опожарената куќа во Куманово. Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен утрово околу 4 часот.

Во приземјето каде што се наоѓала печката имало лесно запалливи материјали како хартија и тексил, по што домот на починатиот лесно избувнал во пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Слични Објави