(ГАЛЕРИЈА) ЗАВРШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ „ДЕНОВИ ЗА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА БУГАРСКАТА КУЛТУРА, ФОЛКЛОР И ТРАДИЦИЈА“

///

Синоќа со гала концерт во Охрид заврши Интернационалниот фестивал „Денови за претставување на бугарската култура, фолклор и традиција“. Организатори на фестивалот се Здружението за култура и уметност „АРТ ВИВЕНДИ“ – Охрид и Фондација „Жар-С“.

Овој меѓународен фестивал се одржува по трет пат со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија (како проект за развивање на културата за 2019 година), Општина Охрид, Нов Бугарски универзитет и Здружението за Македонско Бугарско пријателство.

Симболични домаќини на овој прекрасен културен настан беа дечињата од фолклорен ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, Кочани. Тие се претставија со букет од прекрасни ора карактеристични за реонот на кочанско и Осоговијата.

На фестивалот зедоа учество повеќе од 600 учесници од културно-уметнички друштва од цела Бугарија. Организаторите на фестивалот доделија специјални награди и истакнаа дека се надеваат овој културен настан да почне да привлекува се поголем број гости и учесници.



Претседателот на МБП, Столе Велков истакна дека овој културен настан пленува со својот колорит и е прекрасен пример за случување, што ги поврзува луѓето од двете страни на македонско-бугарската граница.

„Токму музиката и фолклорната уметност се причина границите да бидат само една политичка категорија, којашто не може да биде пречка Македонија и Бугарија да градат посилно пријателство, како што и доликува за две толку блиски и братски земји“ вели Велков.

Претходна статија

ОБЈАВЕН Е КОНКУРСОТ ЗА ОБУКА НА ВОЕНИ ПИЛОТИ

Следна статија

ТРИ ЛИЦА ОБВИНЕТИ ЗА НАСИЛСТВО ВО ЧАИР

Најново од Вести