АМЕРИКАНСКА ЛАБОРАТОРИЈА: ДОБРИ СЕ ПРВИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ВАКЦИНАТА ЗА КОВИД-19

/

Американската лабораторија „Модерна“ објави позитивни податоци од почетната фаза на клиничките испитувања на вакцината против коронавирус на мал број волонтери, пренесува Плусинфо.

„Вакцината, наречена mRNA-1273, се чини дека предизвикала имунолошки одговор кај осум лица кои ја примиле, еднаков на одговорот на луѓето кои природно се заразени со вирусот“, се вели во соопштението на лабораторијата.

Не се познати целосните резултати од испитувањето од фаза 1, прва во развојот на вакцините, во која учествуваат 45 учесници.

– Овие прелиминарни податоци од првичната „фаза 1“ покажуваат дека вакцинирањето со mRNA-1273 предизвикува имунолошки одговор со еднаква јачина како оној што е предизвикан од природна инфекција – изјави Тал Закс, директор на „Модерна“.

„Фазата 2“, во која вакцината се дава на поголем број лица, треба да започне наскоро, а „Модерна“ најви дека „Фазата 3“ која е последна и најголема за проценка на ефикасноста на вакцините, треба да започне во јули.



Од лабораторијата соопштија и дека тимот сѐ уште работи на најбрзо и најбезбедно започнување на клучниот тест „Фаза 3“ во јули.

Клиничкото испитување го води Националниот институт за здравство (NIH), а владата на САД инвестираше близу половина милијарда долари во проектот на „Модерна“.

Претходна статија

ЕУ ГИ ПОВИКУВА СИТЕ ЗЕМЈИ ДА ЈА ПОДДРЖАТ СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Следна статија

УНГАРИЈА ДОНЕСЕ ЗАКОН СО КОЈ СЕ ЗАБРАНУВА ПРОМЕНАТА НА ПОЛОТ ВО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Најново од Вести